(Фото) Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили, рече Руте при посетата на Армијата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална посета на Македонија.

Руте беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Македонија во рамки на Алијансата, Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата.

На настанот присуствуваа генерали и претставници од македонската Армија и Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголема гаранција за мирот е членството во ЕУ, му кажа Силјановска Давкова на Руте

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести