Најголема гаранција за мирот е членството во ЕУ, му кажа Силјановска Давкова на Руте

На генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателката Гордана Сиљановска Давкова му кажала дека најголемата гаранција за мир на Западен Балкан и заштита од влијанија од трети страни е итна и целосна политичка интеграција на регионот во Европската унија.

Тој пак од Скопје на заедничка прес-конференција порача дека регионот бил од стратешко значење и дека НАТО нема да дозволи да се појави безбедносен вакум и дека Македонија играла значајна улога во безбедноста на Западен Балкан.

-Никој не е сам во НАТО. Вашите сојузници и пријатели се со вас. Ќе ве браниме и вас и сојузниците ако бидете вовлечени во кризата што ескалира деновиве на Блискиот Исток, порача тој меѓу друго.

Претседателката исто така истакна дека посетата на Руте, која доаѓа во време на геополитичка неизвесност и глобални тензии, војна на европско тло, како и сериозните безбедносни предизвици на Блискиот Исток, е потврда за важноста на сојузничката солидарност и заедничка одговорност на алијансата.

Руте исто така посочи дека Македонија била вреден сојузник на НАТО кој дава повеќе од 2% од бруто-домашниот производ (БДП) за одбрана и прави напори да достигне до ветените 5%, посочувајќи дека сите сојузници мора да дадат поголем придонес за одбраната, за да се постигне поголема безбедност, економски раст и работни места.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести