ЗК Пелагонија со драстичен раст на добивката лани

ЗК Пелагонија АД Битола лани остварил добивка пред оданочување од 134.386 илјади денари, и истата е зголемена за 397% во однос на истиот период минатата година, врз основа на зголемените оперативни приходи за 23%, односно 229.657 илјади денари, а незначително зголемените оперативни расходи за 1%, односно 10.503 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Во овој период Друштвото остварило оперативни приходи од 1.217.754  илјади денари и истите бележат зголемување за 23% во однос на истиот период претходната година.

-Во структурата на оперативните приходи најголемо е учеството на приходите од продажба кои што учествуваат со 77,55% во вкупните оперативни приходи.

Приходите од продажба исто така се зголемени за 12% во однос на претходната година, односно зголемувањето во апсолутен износ изнесува 93.685 илјади денари, велат од таму.

Остварените оперативни расходи изнесуваат 985.467 илјади денари, и се повисоки незначително за 1%, во споредба со лани.

-Во анализираниот пресметковен период се евидентирани финансиски приходи во износ од 45 илјади денари, додека финансиските расходи изнесуваат 49.139 денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел ЗК Пелагонија во третиот квартал

Јове Кекеновски влезе во Одборот на директори на ЗК Пелагонија, Селаудин Арифи отповикан

4,1 милиони денари за надомест на членовите на ОД на ЗК Пелагонија лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести