Како работел Мермерен комбинат лани

Мермерен комбинат АД Прилеп лани остварил приходи од продажба од 1.877.664 илјади денари што претставува намалување за 4% споредено со претходната година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварената оперативна добивка за годината е во износ од 869.049 илјади денари, што споредено со остварената оперативна добивка за 2024 година во износ од 1.022.778 илјади денари претставува намалување за 15%.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 31. декември 2025 година изнесува 1.001.194 илјади денари, а наспроти остварениот износ од 1.162.487 илјади денари во минатата година покажува намалување за 14%.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 774.025 илјади денари и претставува намалување од 15% споредено со остварената добивка за минатата година (31 декември 2024: 913.779 илјади денари).

Иако кај оперативната добивка и EBITDA е забележан пад на годишно ниво, тоа првенствено се должи на еднократни стратешки прилагодувања и регулаторни измени на ниво на целата индустрија.

Поконкретно, зголемувањето од 17% кај трошоците за продадени производи се припишува на ликвидацијата на застарените залихи — фабрички залихи постари од 10 години.

Ова еднократно чистење материјално влијаеше врз трошковната структура, но го оптимизираше тековниот профил на залихите на Друштвото.

Понатаму, по измените на Тарифата за утврдување на висината на надоместоците за експлоатација на минерални суровини (Службен весник бр. 268 од 25 декември 2024 година), концесискиот надоместок на Друштвото бележи зголемување за 312% во споредба со претходната година, велат од таму.

Оперативните расходи изнесуваат 984.621 илјади денари и се за 8% повисоки во однос на оние направени претходната година.

-Од оперативните расходи, најголем дел отпаѓа на трошоците за вработените, кои покажуваат пораст од 8% во споредба со минатата година. Зголемување од 7% е забележано кај трошоците за суровини и други материјали, кои се втор по големина расход за Друштвото.

Забележан е пад на трошоците за надворешни услуги за 16%. Трошоците за амортизација изнесуваат 132.145 илјади денари, што претставува намалување од 5% во споредба со минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен комбинат со намалена добивка

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда по акција од 2,40 евра

Фото: Мермерен комбинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести