Марк Руте, генералниот секретар на НАТО, кој вчера беше во посета на Македонија информираше дека изборот на македонската политичарка Радмила Шекеринска за негов заменик, е негова одлука.
Тоа го соопшти во говорот во македонското Собрание и посочи дека е многу горд на тoa.
-Таа беше одличен избор за да се придружи на водечкиот тим на НАТО. И можам да го кажам тоа со сигурност, бидејќи моја беше одлуката да ја назначиме. И многу сум горд на тоа, рече тој меѓу друго и изрази благодарност до Шекеринска за знаењето и искуството што таа ги носи во НАТО кои, како што рече, се од големо значење и за него и за Алијансата, кога се разгледуваат и се решаваат безбедносните предизвици за нашиот регион и подалеку.
Шекеринска на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО беше назначена на 19. ноември 2024 година, а ја презеде на 2. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголема гаранција за мирот е членството во ЕУ, му кажа Силјановска Давкова на Руте
Фото: Влада/Шекеринска/Фејсбук














