Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот лани остварил нето загуба по оданочување од 290.040 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Оперативни приходи се 2.401.297 илјади денари и истите бележат намалување од 22% во однос на истиот пресметковен период од претходната година.
-Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат намалување од 23% во споредба со истиот период од минатата.
Останатите оперативни приходи бележат зголемување во споредба со истиот период од мината година.
Вкупните оперативни расходи во пресметковниот период јануари-декември од деловната 2025 година изнесуваат 2.582.042 илјади денари и бележат намалување за 18% во однос на истиот период од минатата година.
Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 33.367 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 147.378 илјади денари.
Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од деловната година е негативна, како и за истиот пресметковен период од минатата година.
Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 142.662 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото и Друштвото оствари загуба од редовно работење на износ од 290.040 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вабтек МЗТ со загуба во првото полугодие
Вабтек МЗТ ќе го зголемува капиталот со јавна понуда на втора емисија акции














