Гранит лани со намалени приходи

Гранит АД Скопје лани остварил единечни вкупни приходи од 3.157.541 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година, истите бележат намалување за 18%, соопшти Друштвото преку Македонската берза

Приходите од продажба изнесуваат 2.812.079 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување пред се пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2024 година, додека нови проекти се уште се во тендерска процедура, велат од таму.

-Финансиските приходи за периодот јануари – декември 2025 година изнесуваат 152.555 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат зголемување пред се како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – декември 2025 година се во износ од 2.950.678 илјади денари, споредено со истиот период 2024 година бележат намалување и истото е соодветно на намалувањето на приходите од продажба.

Во периодот јануари – декември 2025 година, Друштвото оствари позитивен резултат (нето добивка) во износ од 205.073 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 148.223 илјади денари поради намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во текот на 2025 година.

Во однос на финансискиот план на Друштвото за 2025 година, приходите од продажба и поврзаните расходи се реализирани во помал износ од планираните како резултат на долгиот временски период на траење на тендерските процедури за нови проекти, додека нето добивката е во рамките на планираните износи за 2025 година. Приходите од финансирање се реализирани над планираниот износ за 2025 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катерина Ѓердовска купи 284 акции на Гранит

Страшо Милковски купи 3.000 акции на Гранит

Членови на менаџментот на Гранит купија акции на компанијата

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести