За евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток, каде ескалираше состојбата по нападот на Иран од страна на САД и Израел се планираат 60 милиони денари.
Како што информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) започната е постапката набавка за организирање чартер-летови.
Парите се обезбедени од буџетот на Министерството.
-Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













