Ќе биде ли вовлечен и НАТО во конфликтот на Блискиот Исток, противвоздушната одбрана на Алијансата собори проектил што се движел кон Турција

Ќе биде ли вовлечен и НАТО во конфликтот на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел.

Во конфликтот веќе се вовлечени над 10 земји од Блискиот Исток, а денеска од Министерството за одбрана на Турција соопштија дека противвоздушната одбрана на НАТО соборила ирански проектил што се движел кон земјата, која е членка на НАТО.

Во инцидентот немало жртви и штети.

Како што информираат од таму балистичката ракета била откриена како минува низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор и се упатувала кон турскиот воздушен простор.

-Ги предупредуваме сите страни да се воздржат од преземање какви било чекори што би можеле да предизвикаат понатамошно ширење на конфликтот во регионот, велат меѓу друго од турското Министерство за одбрана.

Проектилот бил соборен од противвоздушната одбрана стационирана во источниот Медитеран.

НАТО го осуди обидот на Иран да ја таргетира Турција.

-НАТО цврсто стои со сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади низ регионот. Нашата позиција на одвраќање и одбрана останува силна во сите домени, изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт.

Македонија е членка на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големиот бран напади врз Иран допрва доаѓа, најавија Трамп и Рубио

Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено

И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести