Големиот бран напади врз Иран допрва доаѓа, најавија Трамп и Рубио

Големиот бран на напади на Иран, допрва доаѓа, најавија американскиот претседател Доналд Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Трамп тоа го најави во интервју за CNN, и подвлече дека САД се уште не “почнал силно да удира“, посочувајќи дека досега акцијата оди многу добро.

Прашан колку време ќе трае операцијата кажа дека не сака истата да трае предолго.

Претходно Трамп изјави дека очекува акцијата да трае од три до четири недели.

Во исти стил и Рубио најави дека „најтешките удари допрва доаѓаат“, но одби да открие детали за тактичките потези на САД.

Нападот на САД и Израел на Иран предизвика ескалација на целиот регион, и веќе вовлече дури 13 земји.

Како резултат на влошувањето на состојбата на Блискиот Исток почна да растат цените на златото, гасот, нафтата, а светските берзи бележат пад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено

И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база

Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести