Ситуацијата на Блискиот Исток по нападот на Иран од страна на САД и Израел од час во час се влошува и се шири во нови земји.
По првичниот напад, како што е познато, Иран возврати со контра напади на Израел, како и на американските бази во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Катар, Јордан и Бахерин.
Иран во околните земји гаѓа и цивилни и економски цели и има намера да ја шири кризата, сметаат експертите.
Во меѓувреме по убиството на верскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи, најмоќниот човек во Иран, имаше насилни судири помеѓу безбедносните сили и демонстрантите во Пакистан, во кои беа убиени најмалку 22 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Иран и се слави, и се плаче за убиениот верски лидер Али Хамнеи
За убиството на верскиот лидер се протестираше и во Ирак, каде е можно влошување на состојбата, а Израел во Либија ја нападна шиитска исламистичка политичка партија и милитантна група – Хезболах.
Од час во час расте и бројот на загинати во Иран, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Либија…, а досега се убиени и тројца американски војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата може да порасне драстично поради нападот на Иран
Никој не знае колку време ќе трае кризата, а светот веќе почна да ги чувствува последиците. Почна да расте цената на нафтата, што ќе значи поскапување на сите производи, а стотици илјади лица се заглавени по аеродромите низ регионот и пошироко поради затворање на воздушниот сообраќај во повеќе земји.
Исто така голем број граѓани бараат и евакуација од своите земји од регионот.
Како резултат на кризата и светските берзи се во црвено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено
И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база
Фото: Унсплеш














