Поради прекин на летовите кон Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), од туристичките агенции апелираат до патниците, за состојбата да се информираат кај нив или кај авио-превозниците.
Сите летовои на аеродоромите во Дубаи и Абу Даби моментално се прекинати, се до официјално известување за отворање на истите.
„Прекин е заради затворање на регионалниот воздушен простор на Блискиот Исток, а согласно официјални информации на официјалните интернет страни на соодветните аеродороми.
Заради тоа, многу меѓународни авио-компании ги откажаа или привремено ги прекинаа летовите кон градовите и аеродормите во ОАЕ, што доведе и до пореметување на меѓународниот авио сообраќај.
На патниците им се советува до се во контакт со туристичката агенција и соодветниот авио- превозник, заради добивање на најнови официјални информации за статус на летовите и условите на патување и реализација на истото.
Важно е да се има во предвид дека моменталната ситуација за патување во овој регион се смета за виша сила и е настаната заради воени околности, поради што авио-компании не се во можност да се придружуваат кон стандардните процедури и да ги гарантираат своите услуги.
Приоритет е и ќе биде безбедноста на патниците, а летовите нема да бидат реализирани се додека авио-компанијата не добие гаранција дека воздушниот простор на дадена рута е безбеден за летање.
Затоа патниците да се информираат во агенцијата и соодветната авио-компанија, за да се проверат услови во склад со политика на авио-компанија, чија флексибилност и опции секако зависи од самата ситуација и од безбедносните процедури, пред да се донесат одлуки и одобри натамошно патување,“ велат од туристичката агенција Војажер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на нафтата и златото почнаа да растат, светските берзи во црвено
Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите
И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база
Фото: Unsplash














