И опозициската ДУИ, по подршката од македонската Влада и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче даде подршка на САД за нападот на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија даде поддршка на САД за нападите на Иран
Преку соопштение од ДУИ велат дека целосно се солидаризираат со САД, која го нападна Иран, заедно со Израел и дека даваат подршка за секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност.
Од таму меѓу друго посочуваат дека сојузот со САД не бил само дипломатска ориентација, туку стратешка и вредносна определба.
-Наш избор е да стоиме на страната на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и меѓународната одговорност. Нашата држава, а особено албанскиот народ, добро знае што значи американска поддршка во клучните моменти од историјата, и затоа и денес стоиме рамо до рамо со нашиот најголем стратешки партнер, велат од ДУИ.
Во соопштението се осврнуваат и на ескалацијата по нападот на Блискиот Исток и велат дека нарушувањето на безбедноста на земјите од Персискиот Залив од страна на Иран, не служи на никого.
-Секој режим што избира конфронтација наместо соработка и извоз на кризи наместо дијалог, се става во спротивност со духот на нашето време. Веруваме дека безбедноста во Персискиот Залив и на Блискиот Исток е глобален интерес.
Слободата на движење, енергетската стабилност, борбата против тероризмот и заштитата на меѓународниот поредок се заеднички одговорности, велат меѓу друго од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база
Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите
„Тоа е добро за иранскиот народ“, вели Филипче за нападот на Иран од страна на САД и Израел
Фото: ДУИ














