Како и што се очекуваше по нападот на Иран од страна на САД и Израел и проширувањето на кризата на Блискиот Исток, почна да расте цената на нафтата, што ќе значи зголемување на инфлацијата на светско ниво, односно покачување на цената на бензините, што пак ќе придонесе за покачување на цената на сите производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата може да порасне драстично поради нападот на Иран
Кризата на Блискиот Исток, која според американскиот претседател Доналд Трамп ќе трае од четири до пет недели, (ама никој неможе да каже колку точно), ќе зазаде сериозен удар на светската економија.
Нафтата веќе се движи кон 80 долари за барел, а песимистичкото сценарио е дека за брзо време може да стигне до 100 долари за барел.
Нафта ќе има, ама главното прашање е по која цена.
Како и во секоја криза, почна да расте и цената на златото, кое веќе постигна цена од 147 евра за грам.
Инвеститорите вложуваат во златото како “безбедно“ средство поради инфлациските притисоци, геополитичките тензии и колебањата на валутните пазари.
Истовремено поради кризата на Блискиот Исток која драматично се шири низ земјите од регионот, светските берзи се во црвено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Кипар вовлечен во кризата на Блискиот Исток, погодена Британската воздухопловна база
Блискиот Исток пред експлозија: Кризата се прошири во 11 земји, последиците ќе ги почиствуваме сите
Фото: Унсплеш














