Интернешнел Хотелс АД Скопје лани остварил нето добивка од 256 илјади денари, која е пониска во однос на претходната година кога изнесувала 1.453 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Вкупните оперативни приходи изнесуваат 94.519 илјади денари и бележат пораст од 11%, како резултат на зголемен обем на работење на домашниот пазар.
Оперативните расходи изнесуваат 90.602 илјади денари и се зголемени за 12% во однос на претходната година, што главно се должи на зголемени трошоци за услуги со карактер на материјални трошоци.
Финансиските расходи изнесуваат 3.607 илјади денари и бележат пораст во однос на претходната година, што има влијание врз намалувањето на нето добивката, велат од таму
Интернешнел Хотелс со добивка во првиот квартал
Интернешнел Хотелс со добивка и зголемени приходи во третиот квартал
Фото: Интернешнел Хотелс














