Доколку има притисоци врз цената на нафтата ќе се намалува акцизата и дел од даноците, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека безбедносната ситуација е стабилна, но на економски план ќе се почувстуваат последици, пред се преку зголемување на цената на нафтените деривати.

„Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, тука пред сѐ мислам на притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот. Повеќе на нафтата, бидејќи ние немаме премногу голема зависност во делот на гасот.

Полека завршува и грејната сезона, така  што од тој аспект, а и македонската индустрија нема голема развиена мрежа во делот на гасот, можеби во делот на нафтената индустрија ќе имаме одредени притисоци.

Ќе треба да се зголемува цената, но и тука разгледуваме со Министерството за финансии да намалиме во делот на акцизата, да намалиме во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните,“ изјави премиерот Мицкоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести