Адвокатот и бранителот на Македонците во Бугарија Тони Менконоски не смее да влезе кај источниот сосед 10 години

Адвокатот Тони Менконоски, кој е правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција, информираше за скандалозна одлука на бугарските власти.

Имено тој добил забрана за влез кај источниот сосед од 10 години.

-Станува збор за директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид за замолчување на мене, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, наведува тој и за денеска најави прес-конференција на која ќе ги изнесе деталите, можните причини за оваа одлука, како и последиците што, според него, произлегуваат од повредата на човековото право на слободно движење и вршење на адвокатската професија во Бугарија каде што живеат Македонци чии предмети ги застапува.

Фото: Менконоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести