По повод една година од трагедијата во т.н. дискотека во Кочани, Методи Поповски (Мето Ди Флеш) и Ана Петановска ја објавија песната „Ангелски здив“, во чест на 63. загинати лица.
Музиката, текстот и аранжманот се на Поповски.
Истата е снимена во „Студио Флеш“, а во нејзината реализација учествувал и Стефан Петановски, во чие студио ги снимала вокалите Петановска.
Автор на видеото е Раде Гогоски. Сцените се снимени на локации во Струга и Скопје, а во видеото се појавува и Анастасија Поповска.













