Трамп вели војната завршувала, а таа се разгорува, новиот верски лидер на Иран најавува одмазда

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека војната во Иран била „речиси готова“, оти немало веќе што да се напаѓа таму, ама САД не сакале да се повлечат предвреме.

-Мора да го завршиме она што го започнавме. Не сакаме да се враќаме на секои две години, изјави тој.

Додека Трамп деновиве дава слични изјави, војната на Блискиот Исток се разгорува.

Сите страни во конфликот секојдневно се напаѓаат, а Иран продолжува да гаѓа цели поврзани со САД во регионот, како и со нападите на цивилни и економски цели во околните земји, обидувајќи се на тој начин да изврши притисок врз САД и Израел.

Во меѓувреме за првпат се огласи новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи, кој најави одмазда, најавувајќи дека Иран ќе продолжи да ги напаѓа американските бази на Блиски Исток и Ормускиот теснец.

Хамнеи се уште се нема појавено во јавноста, а неговата изјава беше прочитана на иранската државна телевизија.

Познато е дека е ранет во ногата, но никој неможе да потврди во каква здравствена состојба и која е вистинската причина зошто не се обрати самиот или преку снимена видео порака.

Тој го наследи неговиот татко Али Хамнеи, кој беше убиен во нападите на САД и Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток

Цената на нафтата пак надмина 100 долари, не помогна ни одлуката на 32 земји да ослободат 400 милиони барели од резервите за итни случаи

Светот да се подготви за нафта која ќе чини 200 долари за барел, најавуваат од Иран

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести