Светската супер-ѕвезда HUGEL вечерва во Арена „Борис Трајковски“

Скопје вечерва ќе биде центар на електронската музичка сцена во регионот, откако еден од најпопуларните светски DJ артисти HUGEL, пристигнува во македонската престолнина за својот ексклузивен настап во Арената „Борис Трајковски“.

Француската супер ѕвезда, познат по глобалните хитови и настапите на најголемите светски фестивали, клубови и журки, во Скопје пристигнува со приватен авион, директно од европската турнеја, специјално за спектакуларниот настан UP ALL NIGHT, а утрово на неговиот Instagram профил објави фотографија од студио со наслов „Skopje, Macedonia today“ .

Организаторите информираат дека сите подготовки се комплетирани, а сценската продукција, звукот, светлото и визуелните ефекти се поставени според највисоките меѓународни стандарди за светски електронски настани. Публиката ќе има можност да ужива во седумчасовно музичко искуство, со врвна аудио-визуелна продукција и атмосфера каква ретко се гледа на домашната сцена.

Покрај HUGEL, на сцената ќе настапат и македонските DJ сензации: The Aft3r и Sempre, како и DJ Bob.Dk од Грција, кои ќе ја загреат атмосферата и ќе ја комплетираат оваа голема музичка ноќ.

Настанот започнува во 20:00 часот, а вратите на арената ќе бидат отворени од 19:00 часот. Организаторите апелираат посетителите да пристигнат навреме во арената најдоцна до 20:30 часот.

Со настапи на најголемите светски фестивали и милиони слушатели ширум светот, HUGEL е едно од најактуелните имиња на глобалната DJ сцена, а неговото гостување во Скопје претставува вистински музички спектакл за домашната публика.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести