Сирени за тревога од воздушен напад во воздушната база на НАТО во Турција

Сирените за тревога од воздушен напад утрово се огласиле во воздухопловната база „Инџирлик“ на НАТО во Турција.

Жителите на градот Адана, кој се ноѓа во близина на базата, биле разбудени од сирени, а во базата се огласил црвен аларм.

Според одредени снимки, наводно се гледа светол објект како лета на небото, кон воздухопловната база.

Одбраната на НАТО неодамна собори балистичка ракета над небото во Турција, за која Иран тврдеше дека не е испалена од кај нив.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести