Иван Стојменов е еден од преживеаните во пожарот во т.н. дискотеката “Пулс“ во Кочани.
Денеска на годишнината, тој се присетува на ноќта, која како што вели, засекогаш му го променила животот.
„Ноќта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Ноќта кога животот и смртта беа толку блиску.
Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завршив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба… борба за здив, за сила, за живот. Докторите велеа дека е критично. Но, Господ имаше други планови.
Денес сум тука. Со лузни што засекогаш ќе ме потсетуваат на таа ноќ. Лузни што не се само на кожата, туку и во душата.
Таа ноќ никогаш нема да се заборави. Никогаш нема да ги заборавиме луѓето што не успеаја да излезат. Нивните животи и нивните приказни засекогаш ќе останат во нашите срца.
Оваа година ме научи нешто што многумина го забораваат – животот е кревок. Секој ден е подарок. Секој здив е благослов.
Денес сум благодарен на бога што сум жив. Благодарен на докторите, на моето семејство и на сите луѓе што беа покраі мене кога беше најтешко.
Животот ми даде втора шанса. И ветувам дека ќе ja живеам така како што заслужува. Никогаш да не се повтори.!!! Вечна им слава на починатите,“ пишува Стојменов на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времето нема да ги излечи раните, ќе има ли барем правда: Една година од трагедијата во Кочани
Да не ги заборавиме и хероите од трагедијата во Кочани, без нив ќе беше уште поголема
Фото: Фејсбук/Стојменов













