Скопје ги заборави загинатите во Кочани, ама кафулињата беа полни

Деновиве се обележуваше годишнината од трагедијата во Кочани, каде по пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, претежно млади.

Централното обележување беше во Кочани, град кој имаше најмногу жртви, а почит на различни начини, од заседувања дрвца до хуманитарни настани, се даде и во Штип, Струмица и Виница, од каде исто така имаше загинати. Настан имаше и во Тетово и Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Почит за загинатите во Кочани и во Штип, Струмица и Виница

Во Скопје загинатите беа заборавени. Немаше никакви активности и настани. Ама кафулињата на 16. март, кобниот ден, беа преполни поради убавото време.

Не е првпат Скопје да не покаже почит за загинатите. Изминатава година родителите на загинатите двапати дојдоа да маршираат во Скопје. Првиот пат речиси никој од граѓаните во Скопје не им се придружи и не дојде да ги гушне, да им даде некаква утеха, а вториот пат се појавија и граѓани од градот, од кои поголемиот број беа всушност новинари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Масовни протести во Солун, Атина и во над 100 градови во Грција и дијаспората на тригодишнината од несреќата кај Темпи

Колку за споредба, лани редакцијата на еМагазин беше на протестот организиран на двегодишнината за жртвите од железничката несреќа кај Темпи, Грција, во Солун. Исто така претежно млади.

Буквално цел Солун беше на улица. Од студенти, средношколци, синдикати до наставници… Продавниците во централното подрачје беа затворени, а се протестираше и во повеќе од 100 градови низ земјата и дијаспората. Исто беше и годинава.

Почит се дава на улица, не на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Под ѕвездено небо во спомен на жртвите од Кочани на плоштадот во Штип се постави камен-темелник за спомен-обележје

(Видео) 63 бели празни столчиња: Кочани им одава почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

Времето нема да ги излечи раните, ќе има ли барем правда: Една година од трагедијата во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести