(Фото) Под ѕвездено небо во спомен на жртвите од Кочани на плоштадот во Штип се постави камен-темелник за спомен-обележје

Синоќа кај малата фонтана на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип започна поставувањето на камен-темелникот за спомен-обележје посветено на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше градоначалникот Иван Јорданов.

„Со овој чин, Штип испрати тивка, но силна порака дека памети и дека никогаш нема да заборави.

Ова место ќе прерасне во простор за сеќавање, почит и тивка мисла за нашите сограѓани Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов.

Нивните имиња ќе бидат изгравирани како траен спомен, како сведоштво за животите што оставија неизбришлива трага во срцата на своите најблиски и на целиот град.

Спомен-обележјето симболично ќе биде обликувано со пет гулаби и еден ангел – симболи на мирот, надежта и вечната светлина. Под ѕвезденото небо вечерва, граѓаните се собраа во тивка почит, со заедничка мисла дека сеќавањето е најсилната светлина што останува во срцата на Штип. Штип памети. Штип не заборава,“ напиша Јорданов на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој од политичарите дојде во Кочани на годишнината од трагедијата во “Пулс“ да одаде почит

(Видео) Почит за загинатите во Кочани и во Штип, Струмица и Виница

(Видео) 63 бели празни столчиња: Кочани им одава почит на загинатите во пожарот во „Пулс“

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести