Денеска ќе има трет лет од ОАЕ, за евакуација на македонски граѓани

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) продолжува со операцијата за извлекување на нашите државјани од земјите зафатени со воените дејствија на Блискиот Исток, информираа од таму.

За денеска е предвиден третиот по ред лет од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кој треба да пренесе нова група македонски граѓани на безбедно во Европа, а потоа и во Скопје.

Од МНР нагласуваат дека се во постојан контакт со сите регистрирани државјани кои побарале помош за евакуација и дека логистичката поддршка преку ОАЕ се покажала како најефикасна рута во моментов.

„За денеска е предвиден трет лет од ОАЕ за евакуација на македонските државјани од погодените земји. Правиме сè што е во наша моќ секој наш граѓанин безбедно да се врати дома“, соопштија од Министерството.

Оваа операција доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу Израел, Иран и регионалните сили, што го направи комерцијалниот авиосообраќај во регионот речиси невозможен. МНР апелира до сите граѓани кои сè уште се наоѓаат во критичните зони, а не се пријавиле во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, тоа да го сторат веднаш.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести