Можеме да собереме 2.000 евра за операција на петгодишниот Љубен кој има страбизам

Петгодишниот Љубен Тодороски од Охрид, од најрана возраст се бори со страбизам. Во моментов тој се наоѓа во болница, и чека за операција која треба да се направи во понеделник, и чини 2000 евра.

„Јас сум самохрана мајка на четири малолетни деца и работам за минимална плата. Со таткото на Љубен сме разведени. Тој во моментот е со него во болницата во Скопје, живее под кирија и работи за една плата. Со тие приходи едвај ги покриваме основните трошоци за живот.

Љубен има и сестричка која секој ден прашува кога братчето ќе се врати дома. Како мајка ми е многу тешко да барам помош, но немам друг избор. Сакам моето дете да ја добие оваа операција и шанса за нормален живот.

Затоа ги молам сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат. Секоја донација и секое споделување може да ни помогне да ја собереме потребната сума навреме.Ве молам помогнете му на малиот Љубен да ја добие операцијата која му е неопходна. Од срце благодарам на сите што ќе помогнат,“ вели неговата мајка Марија.

За донации на линкот ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворен е број на Т-Мобиле за донации за операција на петгодишниот Љубен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести