Како работела Фабрика Карпош лани

Фабрика Карпош АД Скопје лани остварила бруто добивка од 50,266 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

За овој период има вкупни приходи од 1.319, милиони денари.

-Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности кои учествуваат со над 90 % во вкупните приходи остварени на домашниот пазар.

Финансиските приходи имаат незначително учество во вкупниот приход, велат од таму.

Вкупните расходи изнесуваат 1.269,79 милиони денари.

-Најголемо учество во оперативните расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци (кооперантите) во износ од денари 591 милион денари и трошоците за вработените – 261 милиони денари.

Финансиските расходи бележат благ пораст во однос на финансиките расходи остварени од претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сервис Петрол сега поседува 80% од акциите на Фабрика Карпош, понудата за преземање успешна

Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош

Договор од 731,7 илјади евра склучи Општина Охрид со Фабрика Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести