Социјалистичката партија се огласи по апсењето на Анакиев, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Од надлежните инстуции се уште нема официјална потврда дека во синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е уапсен актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, за поткуп од околу 50 илјади евра, како што неофицијално објавија повеќе медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Тој е потпретседател на владејачката Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), од која се огласија синоќа по полноќ на Фејсбук.

Од таму меѓу друго очекуваат почитување на владеење на правото, но и “одговорноста во работењето на секој поединец или институција“.

Партијата ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, “одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барал 100 илјади евра за да дозволи увоз на стока: Обвинителството со детали за апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Фото: СПМ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести