Поради верскиот празник Рамазан Бајрам, денеска и за викендот јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираа од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.
Денеска и во недела, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар. Утре билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време.
Жичницата за време на продолжениот викед ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.














