Дуото Дупер објави нова песна – „На пола пат“.
Автори на музиката и текстот се Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а аранжманот е на Какуринов. Миксот и мастерингот се на Андреј Николов и Димитар Николов.
Од бендот велат дека песната произлегува од лично искуство.
„Оваа песна е лична приказна што ја доживеавме и двајцата. Од една страна се надеваме дека луѓето ќе се препознаат во неа, но и дека секој ќе го најде вистинскиот човек покрај себе“, велат од Дупер.
Видеото за „На пола пат“ е во режија на Трифун Ситниковски.
Покрај новата песна, бендот за летово веќе најави голем, самостоен концерт во Античкиот театар во Охрид на 5. август.














