(Фото) Сопругата на Мицкоски на самит во организација на Меланија Трамп

Од Владата информираа дека Рози Мицкоска сопругата на премиерот Христијан Мицкоски учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, САД.

Истиот е организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп.

На Самитот учествувале претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании, а неговата цел е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.
 
Иницијативата промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.
 
Во рамките на самитот, Мицкоска имала свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“.
 
Таа посочила дека во Македонија веруваат дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.
 
„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“, истакнала, меѓу другото, Мицкоска.
 
Целта на работната сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести