„Пулс“ не била во општинскиот регистар, кажа сведок на денешното рочиште

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше и Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансиски прашања.

Според него т.н. дискотека не фигурирала во даночниот регистар на Општина Кочани како правно лице, туку обврските за лиценца и фирмарина ги подмирувале фирмите „Класик ДМ“ и „ММММ“.

Меѓу друго кажа дека Општината немала ингеренции за издавање лиценци за ноќен клуб или кабаре, туку Министерството за економија, а парите се делеле на половина меѓу Општината и државата.

Рече и дека за постоењето на „ММММ“, која е правен следбеник на „Класик ДМ“, дознал дури по трагедијата.

Тој меѓу друго кажа и дека Општината ја утврдува висината на надоместокот и дека „Класик ДМ“ и „ММММ“ вршеле уплати по тој основ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Кочани барала на „Пулс“ да не му се издава лиценца, а Министерството за економија не и одговорило дали т.н. дискотека ја добила, кажа градежен инспектор

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести