Анкета: Мицкоски прв, втор Ахмети, трет Апасиев, Филпче на петто место

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните – 25,2%, покажува најновото истражување на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери.

Втор е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по него следи лидерот на Левица, Димитар Апасиев, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче е на петтото место.

Најмногу граѓани – 41,3% не веруваат во никој.

Истражувањето покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има највисок рејтинг – 24%, следи коалицијата Вреди, а на трето место е СДСМ.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, најголем процент од граѓаните одговориле дека нема да гласаат – 28,1%.

Анкетирањето било спроведено од 2 до 18. март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност, според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести