Cuban Jazz Explosion во Скопје – спектакл со Националниот џез оркестар и Alain Pérez

Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт „Cuban Jazz Explosion”, заедно со светски реномираниот кубански музичар Alain Pérez и неговата осумчлена ритам-секција La Orquesta, во Националната опера и балет на 16. април, со почеток во 20 часот.

Настанот е дел од европската турнеја „La Fiesta Tour”, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, концертот ветува вечер исполнета со ритам, страст и врвна музичка изведба.

Alain Pérez (Куба) е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со интернационална кариера. Своето светско признание го стекна како член на легендарниот состав Irakere, под водство на Chucho Valdés, како и преку долгогодишната соработка со фламенко-иконата Paco de Lucía.

Во текот на својата кариера, Pérez соработувал со некои од најголемите имиња на светската сцена, меѓу кои Chick CoreaWynton MarsalisCelia CruzRubén BladesPaquito D’RiveraDiego El Cigala и Isaac Delgado, создавајќи препознатлив звук кој ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична звучна целина.

Добитник на престижни Grammy Awards и Latin Grammy Awards признанија, Pérez денес се смета за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика.

Билетите за концертот може да се набават online на MKTickets и на продажните места на MKTickets.

Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.

Билетите може однапред да се резервираат на: [email protected]

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести