Синот ја прободел мајка му со кујнски нож додека спиела: Детали од Обвинителество за убиството во Росоман

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишникот од Росоман кој е осомничен за кривичното дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, информираа од таму.

-Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на синот кој си ја уби мајка му, сам се пријавил во полиција: Детали од МВР

Син во Росоман ја заклал мајка му

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести