Познат идентитетот на синот кој си ја уби мајка му, сам се пријавил во полиција: Детали од МВР

Позната е возраста на жената која утринава околу 7:30 часот во нејзиниот дом во Росоман беше убиена со нож од страна на нејзиниот син, и неговиот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син во Росоман ја заклал мајка му

Станува збор за 54-годишна жена, која била убиена од 27-годишниот И.Р. од Росоман.

Таа починала на лице место по нанесени убодни рани, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, и соопштија дека синот сам се пријавил во полицијата и е лишен од слобода.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести