Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана, објави „Слободен печат“

Слободен печат објави вознемирувачки податоци од Министерството за внатрешни работи (МВР), според кои дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде обвинетиот Стојанче Јовановски ја тепал неговата почината сопруга Ивана Јовановска, кој на 2. март со нивната 6-годишна ќерка скокна од балкон во Скопје, по што починаа дветте.

За Јовановски, кој е обвинет за три кривични дела, меѓу кои и за наведување и помагање во самоубиство, судскиот процес започна вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Јовановски призна вина за две дела, па рече дека бил натеран на тоа, сведочеше и мајката на Ивана

Како што објави Слободен печат, пропустот кај овие полицајци го утврдил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што било известено и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Освен од сопругата и жители на зградата, Јовановски во полицијата го пријавувала и неговата мајка. Сопругата често ја тепал и пред нивната ќерка и на различни јавни места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покренато обвинение за сопругот насилник од Карпош: Со физички и психички малтретирања издејствувал и да му го препише нејзиниот дел од станот

(Видео) Сопругот насилник од Карпош со гримаси возврати на новинарски прашања пред Судот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести