Иранската парламентарна комисија за национална безбедност одобри нацрт-закон што предвидува наплата за транзит и ограничување на пристапот за пловила поврзани со држави кои му вовеле санкции на Техеран.
Предлогот треба да оди на расправа и гласање во парламентот и неизвесно е дали од оваа одлука, засегнати ќе бидат и бродовите на Европската унија.
Техеран веќе формализира контрола со проверка на бродови, барање документација и на места наплата за безбедно минување, што дополнително ја зајакнува неговата контрола врз еден од најважните енергетски премини во светот.
Овие одлуки на Иран, ќе влијаат врз идното движење на цените на нафтата од кои е засегната глобалната економија.
Низ Ормутскиот теснец поминува над 20% од нафтата за глобални потреби, како и голем процент на гас и храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ова не е наша војна“, му порача Велика Британија на традиционалниот партнер САД
Кои се Хутите кои влегоа во војната на Блискиот Исток, со што се прошири фронтот
Фото: еМагазин.мк














