Велика Британија, традиционалниот и долгодишен партнер на САД, и порача на земјата дека војната во Иран и Блискиот Исток, не е нејзина, и дека нема да дозволи да биде вовлечена во истата.
Пораката ја испрати британскиот премиер Кир Стармер, кој периодов често е криткуван јавно од американскиот претседател Доналд Трамп.
Стармер ја исклучи и можноста за испраќање британски копнени трупи во Иран и најави дека земјата ќе продолжи со одбранбени акции и ќе работи на повторно отворање на Ормутскиот теснец, кој моментално не функционира целосно, а преку кој поминуваат 20% од нафтата за глобалниот пазар, но и голем процент од транспортот на гас и храна.
Трамп периодов поради дистанцирањето го криткуваше и НАТО. Велика Британија е членка на Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














