Американскиот државен секретар Марко Рубио даде одговор на прашањето кое си го поставува целиот свет, кој трпи економски, од војната на Блискиот Исток, која ја предизвикаа САД и Израел по нападот на Иран.
Според него истата ќе завршела за неколку недели, а не месеци.
Кога САД ја стартуваше т.н. воена операција, американскиот претседател Доналд Трамп, најави дека истата ќе трае од четири до пет недели, а потоа даваше различни контрадикторни изјави, од типот дека таа е завршена или дека САД веќе победиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Во меѓувреме војната веќе го предизвика најголемото пореметување на транспорт на нафта во историјата, што пак придонесе до раст на цените на нафтата, гасот, храната, ѓубривата, хелиумот… што донесе загуби во приходите од овие бизниси, во туризмот, секторот со недвижности, осигурување, транспорт, зголемување на цените на авионските билети…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Ваквата ситуација неминовно ќе придонесе до намалување на економскиот раст и зголемување на инфлацијата, на светско ниво, а кризата како што е познато веќе се чувствува и во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија, според ЕБОР, e меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток
Каде се сè користи хелиум, чија цена расте, освен во здравството
Фото: Унсплеш














