Општина Бутел склучи договор за изградба нова поликиника – Бутел, со друштвото за градежништво, производство, услуги и трговија Изградба-комерц ДООЕЛ екскпорт-импорт Скопје.
Договорот е во вредност од 117.711.009 денари или 1.914.000 евра.
Изградбата на нова поликиника пред неколку дена ја најави и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој информираше за склучување на договорот, без да соопшти кој е изведувачот, а меѓу друго најави дека партнер во изградбата ќе биде Министерството за здравство и дека проектот е на Општината.
Истата според него ќе има широк спектар на здравствени услуги, а дополнително ќе има и РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.
Истата ќе се гради на местото на старата амбуланта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договор од 1,2 милион евра склучи Општина Бутел со „Бауер бг“
Фото: Унсплеш














