Меланија Трамп е новата ѕвезда во Македонија

Првата дама на САД, Меланија Трамп, стана топ тема во јавноста и на социјалните мрежи во Македонија, но и во соседна Грција, откако дел од грчките медиуми објавија дека грчкиот амбасадор во Вашингтон, наводно спречил таа во говор на Самит, кој беше во нејзина организација, да го употреби старото уставно име на земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција спречила Меланија Трамп да употреби Македонија на Самит во Вашингтон на кој беше и сопругата на Мицкоски, објавија грчки медиуми

На Самитот присуствуваше и сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.

Како што објавија грчки медиуми, амбасадорот Андонис Александридис наводно имал увид во нејзиниот говор, во кој меѓу друго ги поздравува учесниците на Самитот.

И премиерот беше прашан за информацијата, а тој меѓу друго кажа дека не верува дека пред говорот биде презентиран во јавноста, некој странски дипломат може да има увид во истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не верувам дека грчки дипломат имал увид во говорот на Меланија Трамп, кажа Мицкоски

Информацијата во дел од македонските медиуми создаде конфузија, бидејќи беше погрешно пренесена, но тоа не ги спречи бројни граѓани на социјалните мрежи да ја величат Меланија Трамп, која како што е познато е по потекло од Словенија, коментирајќи во стилот дека таа добро знае дека вистинското име на земјава е Македонија.

Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, пак според истражувања во земјава е најпопуларниот странски политичар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сопругата на Мицкоски на самит во организација на Меланија Трамп

Трамп популарен од Путин во Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести