Македонија, според ЕБОР, e меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток

Блумберг Адриа повикувајќи се на извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), насловен како „Потенцијално економско влијание на конфликтот на Блискиот Исток“, пишува дека Македонија е меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток, која е резултат на нападот на САД и Израел на Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште колку ќе трае војната на Блискиот Исток?

Во групата на земји кои според ЕБОР ќе бидат најмногу погодени, каде војната е присутна преку повисоки цени на енергијата и ѓубривата, нарушувањето на трговските и туристичките текови и построгите услови за финансирање се и Египет, Ирак, Јордан, Кенија, Либан, Молдавија, Монголија, Сенегал, Тунис, Турција и Украина. 

Според ЕБОР војната на Блискиот Исток ќе влијае врз економската активност на овие земји, поради голема зависност од увоз на енергија, ѓубрива и храна, силните врски со Персискиот Залив и ограничениот фискален простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каде се сè користи хелиум, чија цена расте, освен во здравството

Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток

Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести