Престојниот викенд војната на Блискиот Исток предизвикана од нападот на САД и Израел на Иран, ќе влезе во петтата недела.
Војната веќе го предизвика најголемото пореметување на транспорт на нафта во историјата, што пак придонесе до раст на цените на нафтата, гасот, храната, ѓубривата, хелиумот… што донесе загуби во приходите од овие бизниси, во туризмот, секторот со недвижности, осигурување, транспорт, зголемување на цените на авионските билети…
Ваквата ситуација ќе придонесе до намалување на економскиот раст и зголемување на инфлацијата, на светско ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија, според ЕБОР, e меѓу земјите кои ќе бидат најмногу погодени од војната на Блискиот Исток
Како што стојат моментално работите, и покрај тоа што е очигледно дека САД и Иран имаат некаква комуникација за прекин на огнот и постигнување на некаков договор, сепак не е јасно дали таа ќе заврши набрзо или дополнително ќе ескалира.
Според информациите кои ги објавуваат светските медиуми, не сите страни вклучени во конфликтот, меѓу кои се и земји од Блискиот Исток, кои трпат од војната, иако не ја започнаа, се за прекин на огнот. Некои од земјите сметаат дека војната е можност конечно да стави ред во овој регион и дека треба да се елиминира можноста Иран и понатаму да прави проблеми.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се уште не „ја завршила работата“ во Иран и дека се планирани напади и на други цели во земјата.
Дополнително „Волстрит журнал“ деновиве објави дека Пентагон разгледува можност за испраќање до 10.000 војници на Блискиот Исток како дел од подготовките за можна ескалација на конфликтот, повикувајќи се на претставници на Министерството за одбрана запознаени со плановите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде се сè користи хелиум, чија цена расте, освен во здравството
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Фото: Унсплеш














