Каде се сè користи хелиум, чија цена расте, освен во здравството

Хелиумот, чија цена драстично расте по конфликтот на Блискиот Исток, кој меѓу друго се користи и за апаратите за магнетна резонанца, стана топ тема и во Македонија.

Вчера од Фондот за здравствено осигурување ги предупредија болниците во земјава да проверат колку хелиум имаат, а доколку го немаат во потребните количини, навреме да го набават, бидејќи истиот може да стане и недостапен на европскиот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Болниците да проверат колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца: Цената му расте, а може и да биде и недостапен

Зошто почна да расте цената

Цената на хелиумот почна да расте поради отежнување на неговата испорака низ светот, откако неговиот транспорт беше отежнат преку Ормускиот теснец (каде поминува 20% од светското производство на нафта и гас), а дополнително откако Иран го нападна Ras Laffan, најголемиот индустриски хаб во Катар за производството на течни гасови и предизвика значителна штета.

Со нападите, Иран, не само што стопираше дел од катарското производство на метан, туку и 30% од светското производство на хелиум.

Каде се користи

Хелиумот спаѓа во групата на благодорни (многу корисни) гасови.

Се користи во медицината, во производството на електроника, во астронаутиката и во безброј научни експерименти.

Скоро сите апарати за магнетна резонанца користат хелиум за ладење на магнетите кои за време на снимањето се вртат брзо и се загреваат. Без хелиум, никој нема да може да оди да се “снима“.

Поради новонастаната криза со овој гас последици ќе има и индустријата за микрочипови. Хелиумот овде исто така се користи при ладење на машините кои ги гравираат чиповите врз силиконските плочи. Доколку кризата продолжи ќе има раст на цените на телефоните, телевизорите, компјутерските делови…

Универзитетските научни лаборатории ќе го претрпат можеби најголемиот удар. Ретко која лабораторија ќе може да си дозволи да купува хелиум со драстично покачена цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на авионските билети ќе продолжат да растат

Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток

Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести