Васе Анакиев, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, е во фокусот на јавноста откако беше уапсен со 50 илјади евра, кои ги добил како поткуп од сопственик на фирма, по што доби притвор од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сопственикот на фирмата барал 100 илјади евра, кои сакал да му ги исплати на три рати.
Потпретседател на владејачката Социјалистичката партија на Македонија
Анакиев е и потпретседател на владејачката Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), што на случајот му дава уште поголема тежина.
СПМ реагираше по неговото апсење, меѓу друго посочувајќи надлежните институции да постапат според законот, неселективно, за било кој случај во кој има сомневања за сторен криминал или злоупотреба на службената должност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега нема информација од партијата дали тој ќе остане на партиската функција и дали ќе остане во партијата, посебно што во неговиот случај веќе е докажано дека зел 50 илјади евра поткуп.
Лидерот на СПМ, Љупчо Димовски е вицепремиер за политички систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: СПМ














