Васе Анакиев, актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) е во фокусот на јавноста, откако беше уапсен за барање поткуп од 100 илјади евра, од кои зел 50 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој доби 30 дена притвор, а како што информираа од Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), парите ги барал од сопственик на фирма за да овозможи стока која била задржана на граничен премин, да влезе во земјава.
Парите барал да му бидат исплатени на три рати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Анакиев
Роден е на 14. јануари 1985 година.
Од 2016 година тој е дипломиран инженер агроном. Дипломирал на Универзитет “Гоце Делчев“ Штип на Факултетот за земјоделски науки.
Во 2024 година станал Магистер на економски науки на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје.
Зборува и англиски и српски јазик.
Работно искуство и политичка кариера
Тој е потпретседател на владејачката Социјалистичка партија на Македонија (СПМ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во 2008 година работел во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во 2011 година бил член на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.
Во периодот од 2012 до 2014 година бил претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.
Од 2017 до 2021 година бил претседател на Совет на Општина Чешиново-Облешево.
Директор на Државниот инспекторат за земјоделство е од јули 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ДИЗ/СПМ














