Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²), информираа од Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР).
Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.
Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
Фото: Unsplash














