Кои се Хутите кои влегоа во војната на Блискиот Исток, со што се прошири фронтот

Во војната на Блискиот Исток, која ја предизвикоа САД и Израел со нападот на Иран, се вклучи уште една земја од тој регион – Јемен, преку јеменските бунтовници Хути, кои го нападнаа Израел.

Со тоа дополнително се влошува транспортот на нафта, глобално, чија цена веќе предизвикува економска криза низ целиот свет.

И не само на нафтата, туку и на транспортот на гас и храна, како и други стоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната на Блискиот Исток се шири: Се вклучија и јеменските бунтовници Хути

Хутите последните години напаѓаа комерцијални бродови во Црвено Море, посебно во време на војната меѓу Израел и паравоената политичка група Хамас во Појасот Газа, Палестина.

Кои се Хутите

Тие се блиски сојузници на Иран.

Станува збор за шиитска исламистичка бунтовничка група со седиште во западен Јемен.

Иран се смета за бастион на Шиитите, кои се преставници на втората по големина гранка на Исламот. Другата е Сунити.

Хутите се познати како Ансар Алах, а настанале во деведесетите години на минатиот век, со цел да ги застапуваат правата на зајдитските Шиити и локалните племиња.

Името им потекнува од истоименото племе од кое произлегло движењето.

Поради убиството на нивниот основач Хусеин ал-Хути од страна на јеменската војска, во земјата од 2004 година има граѓанска војна.

Тие се антизападно и анти-израелски ориентирани и се спротивставуваат на влијанието на САД и Израел во регионот.

Имаат поддршка од Иран и се дел од поширок неформален сојуз познат како „Оска на отпорот“, во кои се вклучени и паравоените политички групи Хезболах (која делува од Либија) и Хамас (која делува од Палестина).

Денеска Хутите ги води Абдул-Малик ал-Хути, а тие контролираат големи делови од западен Јемен, вклучувајќи и области до стратешкиот премин Баб ал-Мандеб, кој води кон Црвеното Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната на Блискиот исток влезе во петта недела, ќе трае уште неколку недели, најави американскиот државен секретар Рубио

И тие се мета: Во кои земји во Европа има американски бази

Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести