Се шири фронтот на војната на Блискиот Исток, која ја предизвикаа САД и Израел со нападот на Иран.
Во истата влегоа и јеменските бунтовници Хути, блиски сојузници на Иран, кои со беспилотни летала и балистички ракети го нападнаа Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се Хутите кои влегоа во војната на Блискиот Исток, со што се прошири фронтот
Овие напади би можеле да го парализираат единствениот преостанат извозен коридор за саудиската нафта кој функционира.
Откако Иран речиси го затвори Ормутскиот теснец, преку кој поминува околу 20% од транспортот на нафта и гас, глобално, Саудиска Арабија ја пренасочува суровата нафта преку 1.200 километри долга цевководна рута до Црвеното Море, со завршна точка во Јанбу – решение кое веќе се смета за привремено и ризично.
Оваа дополнително ќе влијае на цената на нафтата, кој веќе предизвика зголемување на инфлацијата, на светско ниво.
Во војната веќе се вклучени речиси сите земји од Блискиот Исток, а Израел освен, Иран, со денови ја бомбардира и Либија, поради паравоената политичка организација Хезболах, која е подржувач на Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И тие се мета: Во кои земји во Европа има американски бази
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Фото: Унсплеш














